Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 18 години попладнево ќе одигра пријателски натпревар против соодветната селекција на Унгарија.
Селекторот Вујадин Станојковиќ, смета дека оваа репрезентација има голем потенцијал. Тој верува дека од неа ќе произлезат повеќемина идни носители на играта, пред се во репрезентацијата до 21 години.
„Почеток на сезона е, нема да биде лесно, но верувам во моите фудбалери. Поголемиот дел од играчите веќе месец дена се во добар тренажен процес, бидејќи работат со првиот тим во своите клубови и верувам деа ќе бидат подготвени целосно да одговорат на овој предизвик. Имаме доволно време да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат наредна година. Се надевам дека од оваа генерација ќе излезат фудбалери како Фазлагиќ, Атанасов, Чурлинов, кои ќе бидат носители во селекцијата до 21 година и А репрезентацијата на Македонија“, вели селекторот Станојковиќ.
Контролната средба Македонија и Унгарија ќе се игра на стадионот во „Ѓорче Петров”., со почеток од 17 часот, а можете да ја гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.