Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе ги дознае противниците во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

Во пресрет на ждрепката, ФИБА денеска ги објави “шеширите“ од кои ќе бидат извлечени репрезентациите за осумте квалификациски групи.

Македонија е во седмата квалитативна група, во која се Велика Британија, Исланд и Шведска, против кои сигурно нема да играме.

Затоа пак, од фаворитите, Литванија, Грција, Италија, Германија еден сигурно ќе ни биде противник. Покрај овие селекции кои се во втората квалитативна конкуренција, можни противници на Македонија ќе бидат и селекциите од третиот и шестиот „шешир“.

Ждрепката е предвидена за утре (вторник 11.30 часот) во Минхен.

Квалификациите ќе се играат во три „прозори“ и тоа од 19-27 февруари 2024, 18-26 ноември 2024 и 17-25 февруари 2025 година.

Пласман на шампионатот ќе се одржи од 27 август до 14 септември 2025 година, ќе обезбедат по три селекции од групите.

Исклучок ќе бидат групите во кои ќе бидат домаќините. Од нив на Евробаскетот ќе патуваат двете прво рангирани и домаќините* на првенството што ќе се одржи од 27 август до 14 септември 2025 година.

„шешир“ 1 : Шпанија, Франција, Србија, Словенија
„шешир“ 2 : Литванија, Грција, Италија, Германија
„шешир“ 3 : Чешка, Полска*, Турција, Црна Гора
„шешир“ 4 : Финска*, Хрватска, Украина, Летонија*
„шешир“ 5 : Белгија, Грузија, Израел, Босна и Херцеговина
„шешир“ 6 : Унгарија, Естонија, Холандија, Бугарија
„шешир“ 7 : Велика Британија, Исланд, Шведска, МАКЕДОНИЈА
„шешир“ 8 : Португалија, Данска, Словачка, Кипар*

Најдобро рангираните селекции („шешир“ 1) ќе бидат извлечени во групите А, Ц, Е и Г, со тимови од „шеширте“ 4, 5 и 8 во Групите

Репрезентациите од втората квалитативна група (2) ќе бидат во пар со тимовите од „шеширте“ 3, 6 и 7 и ќе ги формираат останатите групи Б, Д, Ф и Х.