Македонскиот првак Струга Трим Лум има одлична сезона на меѓународната сцена. Стружани кои останаа единствениот македонски претставник во евро-куповите имаат отворен пат за пласман во фазата по групи во Конференциската лига.

За тоа тимот Струга ТЛ ќе треба да мине уште две квалификациски рунди. Денешната ждрепка за последното елиминациско коло им ги донесе потенцијалните противници на стружани за плејоф рундата.

Така Струга ТЛ најнапред во тратата, ќе треба да ја мине екипата на Есперанж од Луксембург.  Првиот натпревар ќе го игра во четврток во Скопје. Реваншот е седум дена подоцна во Луксембург.

Доколку стружани го минат овој тим, а нема причина да не биде така, тогаш во последната квалификациска рунда би имале противник по мерка.

Тоа би бил поразениот тим од двомечот меѓу босанскиот Зрињски и екипата на Бреидаблик од Исланд, кои играат во квалификациите за Лигата на Европа.

Стружани дури би биле и домаќини на првиот меч во плејоф дуелите закажани за 24 и 21 август.