Младата машката репрезентација на Македонија денеска ја очекува нов предизвик на Светското првенство за ракометари до 19 години во Хрватска.
По двете победи над Црна Гора и Грузија, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ се изборија за место во осминафинална рунда.
Во неа, македонските ракометари ќе стартуваат без бодови (како и Австрија), додека ривалите Данска и Норвешка со по два.
Прв ривал на Македонија е Данска еден од главните конкуренти за највисок пласман на Мундијалот.
Доколку избраниците на Стојановиќ ги повторат игрите од првата фаза, може да се надеваат на евентуална победа над Данска, а со тоа и два значајни бода, што ќе ги остави во игра за пласман во четвртфиналето.
Дуелот меѓу Македонија и Данска ќе започне од 17.30 часот, а можете да го ГЛЕДАТА ВО ЖИВО ОВДЕ.