Марија Сакари и Коко Гауф се финалисти на ВТА 500 турнирот во Вашингтон.

Грчка тенисерка Марија Сакари, во полуфиналето ја победи првата носителка Американката, Џесика Пегула во два сета. Првиот и припадна на Сакари со 6:3, а во вториот подобра беше домашната тенисерка со 6:4. Сепак Пегула, одигра под очекувањата и во решавачкиот трет сет освои само два гема 2:6.

Така 28-годишната Сакари годинава стигна до своето прво финале, откако дури на пет турнири ги губеше полуфиналните натпревари.

Противничка ќе и биде Американката, Коко Гауф, која беше подобра од бранителот на титулата Русинката, Људмила Самсонова. Седмата тенисерка во светот Гауф славеше против 18-тата на ВТА листа во два сета со идентични 6:3 и 6:3.