Машката кадетска репрезентација на Македонија (ракометари до 20 години) втор пат е поразена од соодветната селекција на Унгарија.
Македонските кадети кои се подготвуваат за настап на Светското првенство во Хрватска. Откако вчера загубија со 27-31, денеска се поразени со 21-28.
По воведните 3-3, домаќините направија серија од 6-0 и во 19-минута поведоа со 9-3. Сепак до крајот на полувремето црвено-жолт успеаја да ја преполоват негативата и на пауза да заминат со -3 (13-15).
Во вториот дел. Домаќините повторно се „одлепија“ на пет, а во продолжението ја одржуваа и зголемува, за крајот да го добијат натпреварот со 28-21.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Дамјан Субашевски со 8 голови, додека Мирче Калајџиески постигна 6, а Валентин Карасманакис придодаде 4.
Овие натпревари се дел од под Мундијалот што започнува на 2 август. Македонските млади ракометари ќе бидат дел од Ц групата во која за противници ќе ги имаат: Норвешка, Црна Гора и Грузија.