Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ конечно ќе го облече дресот на Црвена Звезда. Теодосиќ и Звезда постигнале конечен договор околу ангажманот, пренесуваат српските медиуми.
Поранешниот капитен на српската репрезентација е долгогодишна желба на црвено-белите и конечно најдоа заеднички јазик за соработка.
Теодосиќ ќе се обиде да го искористи своето искуство за да и помогне на Звезда на патот кон подобар пласман во Евролигата, но и враќање на регионалниот трон.
Сега само ја чекаме официјалната потврда од клубот и потписот на Милош Теодосиќ.
Минатата сезона настапуваше за Виртус од Болоња со кој не ја продолжи соработката.
Пред Италија беше во Лос Анџелес Клиперс и шест години беше член на ЦСКА Москва. Во Олимпијакос помина четири години, а професионалната кариера ја започна во ФМП.
Теодосиќ е третото засилување на црвено-белите летово, по повратникот Дејан Давидовац и младиот центар Марко Симоновиќ.