Младиот турски фудбалер Арда Ѓулер потпиша договор со Реал, соопштија од мадридскиот клуб.
Во соопштението на Реал не се прецизираат деталите од договорот, но шпанските медиуми тврдат дека Ѓулер се согласил да соработува со „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2029 година. Турскиот фудбалер утре во Мадрид ќе биде претставен како ново засилување на Реал.
Ѓулер кој има само 18 години, иако беше сериозно поврзуван со најголемиот ривал на „Кралевите“, Барселона, сепак се реши да дојде во Реал.
Тој минатата сезона во дресот на Фенербахче одигра 35 натпревари за турскиот клуб и постигна шест гола. За турската репрезентација настапи на четири натпревари и беше еден од најдобрите стрелци.