Младинската репрезентација на Македонија денес го одигра првиот натпревар на Европското првенство за ракометарки шпо 19 години, што се одржува во Романија. Македонија загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 33:29.

Натпреварот стартуваше со 2-0 на репрезентацијата на Црна Гора. Нашите младинки брзо ги консолидираа редовите и не дозволија да ја зголемат предноста. Во 10-тата минута црвено-жолтите со серија 4-0 поведоа со 8:7. Во наредните петнаесет минути се играше израмнето и гол за гол. Македонија успеваше да создаде минимална предност но, Црногорките израмнуваа. Црна Гора успеа да поведе со 17:15 во 27-та минута тие ја одржуваа предноста па на полувреме заминаа со +3 (19:16).

Втората половина започна со серија од 2-0 на репрезентацијата на Црна Гора. Црногорките ја зголемуваа предноста па во 40-тата минута имаа водство од +5 (24:19).

Нашата репрезентација се обидуваше да ја намали негативата но, Црна Гора не дозволи . Крајниот резултат беше 33:29.

Најефикасна од нашата репрезентација беа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска со по шест гола.

Утре во натпревар од 2.коло на Д групата Македонија ќе игра со силната селекција на Данска која во првиот меч од групата убедливо ја победи Чепка со 36-26.

Утрешниот дуел Макеоднија – Данска ќе се игра во терминот од 16.30 часот, додека во последното третото коло Чешка ќе биде противник на нашите младинки во дуелот закажан за во понеделник.

Ивона Кимовска