Денес започнува младинското Европското првенство за ракометарки до 19 години, кое ќе се одржи во Романија.
Нашата репрезентација, предводена од Јулијана Дамчевска, е во групата Д заедно во која за противнички ќе ги има врсничките од Данска, Црна Гора и Чешка.
Натпреварите од групите Д и Ц ќе се одиграат во Миовени, додека домаќин на средбите од групите А и Б ќе биде градот Питешти.
Групните натпревари се играат од 6 до 9 јули, а двете првопласирани од секоја група ќе обезбедат пласман во четврт-финалето. Главната рунда се игра на 11 и 12 јули.
Ова Европско првенство воедно ќе биде и квалификации за Светското првенство за младинки, кое ќе се одржи наредното лето во Македонија.
13-те најдобро рангирани селекции од Европското, без Македонија, ќе се пласираат директно на Мундијалот.
Македонската репрезентација првиот натпревар го игра против Црна Гора со почеток од 18:45 часот.
Ивона Кимовска