Македонската младинска репрезентација за ракометарки до 19 години, денес го одиграа последниот натпревар од турнирот ,,Трофеј Карпати”. Македонија загуби со гол во последната секунда во дуелот со репрезентацијата на Србија со 29:30.
Првото полувреме започна со по еден гол на двете страни, по што Србија, со серија од 3-0, поведе со 5:2. Во 11-тата минута Србинките ја зголемија разликата на +4. Тие ја одржуваа разликата додека нашите се обидуваа да намалат. Резултатот на полувреме беше 17:13.
Во втората половина, црвено-жолтите влегоа мотивирано и успеаја да ја намалат негативата на 18:19. Но, Србија не дозволи да израмнат и успеа да ја одржи предноста и зголеми на +4 (21:25).
Нашите младинки не се откажаа и во 50-та минута израмнија на 25:25. Србија со серија 2-0 поведе со 28:26 на пет минути до крајот на натпреварот. Со голот на Марија Јанкуловска на 15 секунди до крајот нашата репрезентација израмни на 29:29. И кога се чинеше дека ќе го избегнат и третиот пораз, Србинките кои го имаа последниот напад постигнаа гол во последната секунда со кој остварија минимална победа со 29:30.
Најефикасни од нашата репрезентација беа Марија Јанковска и Ива Младеновска со шест погодоци, додека Стефановска и Дукоска постигнаа по пет гола.
Овие натпревари беа последната проверка за нашите ракометарки пред стартот на Европско првенство што ќе се игра токму во Романија, а започнува на 6 јули, на кое пај Македонија за противници ќе ги има, Данска, Чешка и Црна Гора.
Во продолжение видете ги завршните моменти од денешниот дуел Македонија – Србија.
Ивона Кимовска