Женската младинска репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години, ја очекува нов настап на силен меѓународен турнир.
Откако минатата недела играа во Унгарија на турнирот „Четири нации“ сега избраничките на Јулијана Дамчевска ќе бидат дел од турнирот „Трофеј Карпати“ што ќе се одржи во романскиот град Питешти.
На овој турнир нашите младинки покрај домашната селекција на Романија, ќе играат и против репрезентациите на Швајцарија и Србија, редоследно.
Турнирот ќе се игра од 30 јуни до 2 јули, а првиот натпревар Македонија го игра против домаќинот Романија од 16:30 часот.
И овие натпревари се дел од подготовките на нашите младинки за претстојното ЕП што исто така ќе се игра во Романија, од 6 до 16 јули, а на кое Македонија ја противници ќе ги има, Данска, Чешка и Црна Гора
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
30 јуни (петок)
14:00 ШВАЈЦАРИЈА – СРБИЈА
16:30 РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
1 јули (сабота)
14:00 ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА
16:30 РОМАНИЈА – СРБИЈА
2 јули (недела)
14:00 МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА
16:30 РОМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА