Вториот тенисер светската АТП ранг листа, Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Квинс турнирот во Лондон Квинс
Младиот Шпанец во полуфиналето беше подобар од Американецот, Себастијан Корда кој по час и 23 минути игра го победи во два сета со 6:3 и 6:4.
Алкараз во финалето ќе игра против Австралиецот, Алекс Де Минор кој исто така во два сета беше подобар од Данецот, Холгер Руне.
Доколку Алкараз во утрешното финале успее да слави победа и да дојде до својата петта титула сезонава, а вкупно 11-та во кариерата, тој веќе во понеделник ќе ја преземе првата позиција на АТП листата од Новак Ѓоковиќ и ќе ја има улогата на прв носител на Гренд-слемот на Вимблдон,