Женската македонска тениска репрезентација е победник во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот со што следната сезона ќе игра во ранг погоре.
Во финалето на турнирот што се играше на терените на ТК Југ во Скопје, македонските тенисерки со 2:1 ја совладаа селекцијата на Ерменија.
Откако по сингл мечевите резултатот беше израмнет, во решавачкиот трет меч во игра на двојки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска во два сета (2-0) беа подобри од Марина Давтјан и Ирена Мурадјан.
Нашите тенисерки тенисерки ги добија двата сета со убедлива игра со 6:3 и 6:2 за конечен триумф и шеста победа на овој турнир.
Со тоа по пауза од 23 години женската тениска репрезентација на Македонија се враќа ранг погоре, односно ќе настапува во Втората Европска зона од Били Џин Кинг купот.