Марко Безеки потврди дека е во одлична форма со триумфот на спринт трката што се возеше попладнево на патеката Асен во Холандија. 

Италијанецот кој и претпладнево беше најбрз во квалификациите, повторно прв ја мина целната рамнина оставајќи го зад себе актуелниот светски првак Франческо Бањаја.

Иако како трет целната рамнина ја мина Биндер, сепак тој заработи казна од 3.секунди па Фабио Квартараро се искачи на подиумот, прв пат сезонава.

Со новите освоени бодови, Безеки сега ја намали разликата меѓу него и Бањаја кој е лидер во Генералниот поредок со 148 бодови, сега само 10 повеќе од Безеки.

Ова е и одлична најава за утрешната трка за Големата награда на Холандија, чиј старт е закажан од 14 часот.

Томислав Атанасовски