Македонската младинската машка репрезентација, за кошаркари до 20 години, забележа победа над врсниците од Црна Гора. На првиот од двата контролни натпревари во Подгорица, македонските младинци славеа со 15 поени разлика (82:67).
Во првиот дел домаќините беа оние кои ја контролираа играта и резултатот, па откако првата четвртина ја добија со 22:14, а втората загубија со 20:22, на полувремето домаќините заминаа со +8 (42:36).
Во вториот дел далеку поефикасни игра на нашите младинци кои третиот период го добија со 24:12, за по три одиграни четвртини да направат предност од 4 поени (60:54). А, во последниот само ја довршија работата и на крајот со конечни 82-67 да го добијат натпреварот.
Што се однесува до стрелците на овој натпревар Митревски постигна 16, два повеќе од Мемед и Шошкиќ.
Овој како и утрешниот натпревар, што ќе се игра во терминот од 18.30 часот, на двете селекции ќе им послужи како подготовка за претстојното Европско првенство (Б дивизија) што од 7 јули започнува во Скопје.