Иако си помислевме дека вчера имале лош ден, не им одело и баравме разно-разни начини да го оправдаме поразот од 40 разлика (69-29), кога ете ти нов пораз, ама овој уште поубедлив со 50 разлика.
Тоа е епилогот од двете гостувања во Солун на женската јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години и нивните две гостувања против врсничките од Грција.
Имено, избраничките на селекторката Јелена Антиќ денеска во вториот контролен дуел се поразени со 83-33.
Текот на натпреварот ништо по различен од вчерашниот, исклучат четирите повеќе постигнати поени, но затоа и разликата од 50 поени.
Ако погледнете споредбено по четвртини, денеска црвено-жолтите беа дури и „подобри“, па резултатот се периоди гласеше 24-8, 26-11, 12-5 и 21-9, или пак само еден период (вториот) во кој постигнаа двоцифрен број на поени.
Време многу за корекции и поправки нема.
По враќањето во Скопје, ќе продолжи тренажниот процес до 27 јуни за кога е планирано заминување за Бугарија, со тамошната селекција ќе се одигра уште еден пријателски натпревар.
На 29 јуни започнуваат натпреварите во Б дивизијата на ЕП на кое Македонија е дел од групата „A“ со селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија.