Тренерот на црно-белите, Жељко Обрадовиќ, даде прилично емотивна изјава по четвртиот натпревар од финалната серија на регионалниот шампионат.

По двата порази на стартот од финалната серија, кошаркарите на Црвена Звезда успеаја да го одбранат својот терен и со тоа да израмнат на 2:2 во серијата.

„Мислам дека одигравме страшно нервозно во првото полувреме и дека одигравме еден од најлошите натпревари сезонава. Во вториот дел, поради промените, успеавме да се вратиме и имавме добри шанси да стигнеме таму, но се случија скандалозни работи. Многу сум среќен што ќе го одиграме петтиот натпревар пред нашите навивачи и ги повикувам да навиваат фер и спортски и да ги почитуваат сите од Црвена Звезда, а после тој натпревар ќе зборуваме за кошарка, а не за работи што се случија овде.“ – вели Обрадовиќ.

На крајот, тој зборуваше за причините и за некои од работите што се случуваат во оваа серија.

„Пред 15 дена го гледав Никола Јокиќ и после тоа наидов на натпревар од 1987-тата година, меѓу Партизан од Звезда. Тогаш на двата натпревари беа присутни навивачи на двата тима, се скандираше „титула“, меѓусебно беа фини и културни. Има луѓе кои се експерти да ни објаснат до каде сме отишле како луѓе. Кога дојде автобусот, детето дојде со мајката ни покажало среден прст и го плукна автобусот, а на сето тоа мајката се смееше. Би сакал да не дојдеме во таа ситуација во ниту еден момент во петтиот натпревар, ги замолувам моите навивачи да навиваат фер и спортски. Играчите на двата тима тоа го заслужуваат. Мислам дека заслужуваме финале каде што се зборува за кошарка. Дали овие играчи на крајот на сезонава ќе стават прст на чело и ќе размислат дали да останат во оваа средина, меѓу нас какви што сме? Тоа е прашањето на сите прашања, тоа си го поставувам изминативе неколку дена“, изреволтирано говореше српскиот стручњак. 

Петтиот и одлучувачки натпревар меѓу Црвена Звезда и Партизан ќе се одигра утре во „Штарк“ арената со почеток во 20:00 часот.