Александар Јованчев селекторот на кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе се борат за место во црвено-жолтиот дрес.
Во текот на наредната недела (22 јуни), ќе започне подготвителниот период за оваа наша селекција која ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, што ќе се игра во нашиот главен град во периодот од 5 до 13 август.
Селекторот Александар Јованчев и неговите асистенти, Милош Нинковиќ и Тино Даневски, одредија почетокот на подготовките на нашата кадетска репрезентацијата да биде на 22.јуни (четврток) со почеток во 19. часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Список на повикани кошаркари
Доријан Ивановски – Цедевита Јуниор – Хрватска
Тодор Делипетров – Италија
Сергеј Петровиќ – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
Борјан Китановски – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
Лазар Кузмановски – Куманово
Глигор Цаневски – Куманово
Филип Сребров – Водно санс – Скопје
Никола Јаничиќ – Водно санс – Скопје
Лука Марјановиќ – Водно санс – Скопје
Дамјан Ивановски – Феникс 2010 – Скопје
Лука Шуменковски- Феникс 2010 – Скопје
Лука Антиќ – Феникс 2010 – Скопје
Марио Симиќ – Работнички – Скопје
Даријан Димовски – Работнички – Скопје
Григориј Ѓорѓевиќ – Вардар – Скопје
Љубен Ефтимовски – Вардар – Скопје
Алексеј Нешовиќ – Вардар – Скопје
Жарко Терзиевски – Вардар – Скопје
Стефан Сапроновски – Вардар – Скопје
Илин Најков – Вардар – Скопје
Христијан Несторовски – Еуро Никел 2005 – Кавадарци
Благојче Димитровски – Пелистер – Битола
Матеј Митревски- Баскет Кам – Македонска Каменица