Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија (рангирана на 89 место) по денешното извлекување ги дозна ривалите од Третата Европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Ларнака, Кипар.
Предводени од селекторот Горан Шевченко, а во репрезентацијата со Калин Ивановски, Обрад Марковски, Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ како и тренерот Чедомир Јовановски, немаа многу среќа на ждрепката.
Нашата селекција е во групата Б во која за противници ќе ги има, домаќинот Кипар (рангиран на 75 место) кој е носител, Малта (рангирана на 93.то место) и Молдавија (95.то место).
Во групата А се три репрезентации: Естонија (68), Сан Марино (86) и Црна Гора (91).
Во првото коло утре Македонија на стартот ќе игра против селекцијата на Малта.
Двете првопласирани репрезентации од двете групи ќе обезбедат пласман следната сезона еден ранг повисоко, додека второпласираните ќе играат меч за третата позиција која од оваа зона носи пласман ранг погоре.