По освојувањето на Премиер лигата и ФА Купот на Англија, екипата на Пеп Гвардиола чекори кон „тројната круна“, а на нејзиниот пат ќе застане италијанскиот гигант Интер во финалниот дуел од Лигата на шампионите.
Гвардиола вели дека неговиот Сити треба да „зачекори напред во лошите моменти“ ако сакаат да го победат Интер во вечерното финале од Лигата на шампионите.
„Планот ни дава стабилност и помага во одредени моменти да ја промашиме играта, но и да се вратиме назад со сигурност. Важно е во финалето да се има план. Но, финалињата се еднократни натпревари и ако оди лошо, можеме да ставиме повеќе напаѓачи или можеби да ставиме 7 централни дефанзивци, не знам. Има моменти кога ќе биде „момци, тука нема тактика“. Желбата во нас ќе направи се што треба“, вели шпанскиот стручњак.
Тренерот на „граѓаните“ имаше нешто да каже и за начинот на игра на италијанските клубови.
„Мора да бидеме трпеливи. Најважно во овој тип на игра е да мислиме дека сме 0:0 и да мислиме дека губиме. Италијанските тимови имаат 0-0 и мислат дека победуваат. Тие не победуваат, 0:0 е. Мораме да добиеме ритам и да бидеме стабилни.Во лоши моменти треба да чекориме напред. Ќе се случи да губи со 0:1 или да водиме со 1:0, и во двата наврати треба да бидеме стабилизирани и фокусирани на целта. “ – додаде Пеп.
Натпреварот на „Олимпискиот стадион Ататурк“ во Истанбул започнува од 21:00 часот.