Македонскиот репрезентативец Ненад Димитриевиќ е „мета“ на повеќе европски гиганти.
Популарниот Нено кој стана шампион на ВТБ лигата со Уникс Казан, а го освои и признанието за најдобар играч на финалната серија побудува голем интерес кај најдобрите европски екипи.
Откако пред неколку дена и официјално го прекина договорот со шпанската Валенсија, тој е слободен играч, па затоа веднаш повеќе екипи сакаат да го имаат Македонецот во своите редови.
Како што пренесува добриот познаваш на европските баскет прилики, Лука Д’Алесандро, нашиот репрезентативец веќе доби понуди од Партизан, Фенербахче, Баерн Минхен и Басконија, но и неговиот досегашен тим Уникс Казан сакал да го задржи и следната сезона, а за него е заинтересиран и составот на Зенит Санкт Петербург, кого Нено го „скрши“ во финалето на ВТБ лигата.
Засега Димитриевиќ и неговиот менаџер Ражњатовиќ нема да брзаат со одлуката каде македонскиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата.
Neno Dimitrijevic has received offers from Bayern Munich, Baskonia, Fenerbahçe Beko Istanbul and KK Partizan Belgrade. Unics BC Kazan would like to keep him next season as well. Zenit St Petersburg is also on him
— Luca D'Alessandro (@DAlessandro_LU) June 5, 2023