Макс Верстапен, победи на седмата Ф1 трка во сезоната што се возеше за Големата награда на Шпанија во Барселона, Каталонија. Лидерот кај пласманот на возачите, стигна до 40-тата победа во кариерата возејќи фантастично и во квалификациите и на трката во Барселона.

Верстапен стартуваше од пол-позицијата и со сигурно возење стигна до јубилејот, односно до петатта победа во сезоната. Одлични на оваа трка беа двата возачи на Мерцедес, Хамилтон кој заврши втор и Расел кој се искачи на победничкиот подиум како трет.

Откако вчера имаше лоши квалификации вториот возач на Ред Бул, Чеко Перез денеска заврши на одличното четвртто место. Саинц кој беше втор во квалификациите неуспеа да го задржи тоа место и на крајот заврши како петти.

Во бодови уште завршија и Фернандо Алонсо и Ленс Строл од тимот на Астон Мартин, осми беше Окон, деветти изненадувачки заврши Жо од Алфа Ромео, а на 10-тото место кое носи еден поен го освои Гасли од Алпин.
Најбрзиот круг на патеката го извозе победникот Макс Верстапен од Ред Бул и со тоа освои уште еден бод.

Па така во конкуренција на возачи Верстапен го зголеми водството пред својот клубски колега Перез на 53 бода, 170 наспроти 117, трет е Алонсо со 99, четвртти е Хамилтон со 87, а петти Расел со 65 бода.

Во конкуренција на конструктори, Ред Бул го зголеми водството, сега има 287 бода, а го следат сега Мерцедес се проби на второто место со 152, а трети се Астон Мартин со 134 бода.

Следната трка се вози за две недели каде Ф1 циркузот се сели на америчко тло и тоа во Канада каде ќе се вози трката Жил Вилнев каде минатата година до победата стигна Макс Верстапен.

Томислав Атанасовски