Женската одбојкарска репрезентацијата на Македонија утре против Летонија ќе го игра вториот натпревар во Европската Сребрена лига.
Одбојкарките кои по долги години се вратија на меѓународната сцена, беа поразени од Австралија во првото коло, но и покрај убедливиот пораз тие оставија солиден впечаток.
Тремата и неискуството од вакви натпревари си го направија своето, но како деновите ги минуваат заедно одбојкарките ја креваат самодоверба што е еден од клучните фактори за добар резултат, смета капитенката Емилија Попјордановска.
„Во првиот меч со Австријките одигравме во грч.
Нормални тоа е од тремата и неискуството што го имаме на вака важни и големи натпревари како што се дуелите во Сребрената лига.
Секој освоен поен, секој освоен сет за нас е многу важен.
Работиме напорно и од дена на ден сме се подобри. Дали тоа ќе биде доволно на крајот и да се радуваме останува да видиме.
Ние ќе го дадеме максимумот, но потребна ни е голема поддршка и од трибините па затоа се надевам дека утре ќе има многу повеќе публика отколку на првиот меч“, истакна Попјордановска.
Одбојкарките тоа го заслужуваат, а љубителите на овој спорт кои сакаат да им дадат поддршка на напите репрезентативки же може да го сторат тоа слободни, бидејќи влезот на натпреварот Македонија – Летонија што почнува од 17.30 часот, како и оној што следува (20.15 часот) меѓу машките селекции на Македонија и Белгија е слободен, односно бесплатен.