Македонските одбојкари ги очекува вториот натпревар во Европската златна лига. Утре, во Скопје гостува репрезентацијата на Белгија. 

Селекторот Јошко Миленковски вели дека противникот не е ранг како и претходниот Украина, од која загубивме во првото коло со 3:0. 

,,Иако многупати досега потенцираме дека натпреварите во Златната лига, не само ние туку и останатите, ги користат за подготовка за Европското првенство, сепак, спортски е да се бориме за победат.

Јас сум убеден дека моите избраници тоа ќе го демонстрираат во утрешниот меч со Белгија. Ме радува што буквално секој тренинг ние растеме во играта, а тоа се должи на посветеноста на репрезентативците и стручниот штаб” 

истакна Миленковски. 

Селекторот очекува дека грешките од дуелот со Украина ќе бидат надминати и дека неговите избраници ќе го спроведат договореното.

Натпреварот Македонија – Белгија ќе се игра утре во СЦ ,,Борис Трајковски” во терминот од 20.15 часот, а ќе биде втор на програмата, откако претходно од 17.30 часот нашата женска селекција ќе ја одигра средбата со Летонија.