Макс Верстапен, победи на шестатта Формула 1 трка во сезоната што се возеше за Големата награда на Монако низ улиците на Монте Карло. Актуелниот двократен светски шампион, стигна до 39-от триумф во кариерата возејќи фантастично и во квалификациите и на трката во Монако.

Верстапен стартуваше од пол-позицијата и со сигурно возење стигна до новата победа во кариерата, односно четвртта во сезоната. Фернандо Алонсо исто така беше одличен на патеката и го задржа на крајот второто место освоено на квалификациите за негов најдобар пласман во сезоната.

На победничкиот подиум се искачи и домашниот возач Естебан Окон од тимот на Алпин кој им одолеа на нападите на возачите на Мерцедес Хамилтон и Расел.
Одново разочараа возачите на Ферари кои на крајот се пласираа на шесттото Леклерк и осмото место Саинц.

Во бодови завршија уште и двата пилота на Мекларен, Норис и Пиастри кои ги завземаа 9-тото односно 10-тото место.
Во конкуренција на возачи Верстапен го зголеми водството пред својот клубски колега Перез кој имаше лоша трка и заврши на 17-тото место на 39 бода, 144 наспроти 105, трет е Алонсо со 93, четвртти е Хамилтон со 69, а петти Расел со 50 бода.

Во конкуренција на конструктори, Ред Бул го зголеми водството, сега има 249 бода, а го следат Астон Мартин со 120 и Мерцедес со 119 бода.

Следната трка се вози веќе претстојниот викенд каде на програмата е седмата трка во Ф1 календарот, трката за ГН на Шпанија во Барселона, Каталонија.

Томислав Атанасовски