Вистинска драма на ,,Бриантео” стадионот во Монца приредија домашната екипа, Монца и Лече, за да во 101-та минута од пенал гостите дојдат до огромна победа која и математички им обезбедува опстанок во Серија А.

Натпревар во кој видовме се, два пенали, црвен картон, мешаници и натпревар кој траеше повеќе од 100 минути на крајот се покажа како среќен за гостите кои благодарејќи на присебноста на младиот Коломбо триумфираа во самиот финиш.

Се делуваше мирно до 79-тата минута, кога Даниеле Довери доби сигнал од ВАР собата за потенцијален пенал за тимот на Монца. Клупата на Паладино бурно реагираше и бараше најсрога казна, а најупорен во тоа беше Џулио Донати, кој претера со своите реакции па доби црвен картон.
На крајот Довери досуди пенал за домаќините а зовреа страстите и кај гостинските играчи.
Топката на белата точка ја намести Кристијан Гиткер но неговиот удар успешно го одбрани Фалконе. По одбранетиот пенал, гостите се осоколија и тргнаа во офанзива, по победа која им носи опстанок.
Големата пауза при Вар проверката и мешаницата на клупта на Монца донесе продолжение од 8 минути.

Поради корнер, довери доволи да се игра и после истекот на предвидените осум минути, а сето тоа резултираше со нова сигнализација на ВАР собата, овој пат пенал доби тимот на Лече.

Одговорноста ја презеде 21 годишниот Лоренцо Коломбо кој во 101-та минута мирно го реализираше пеналот за голема радост на гостинските навивачи и клупа за резервни, кои со оваа победа славеа опстанок во Серија А.