Англиската Премиер лига дојде до својата кулминација и последното 38.коло. Шампионот, Манчестер Сити, беше решен пред три кола, а и поголемиот дел екипи за пласман во европските натпреварувања следната сезона.

Но, денеска го добивме и последниот патник во квалификациите за Конференциската лига, Астон Вила, која на домашен терен славеше со 2:1 над Брајтон. Сите голови паднаа во првото полувреме, односно Даглас Луис и Оли Воткинс стрелаа за Астон Вила, додека за Брајтон Дениз Ундав го постигна единствениот погодок.

Тотенхем со двата гола на Хари Кејн и по еден на Педро Поро и Лукас Моура, триумфираше на гости против Лидс со 4:1, но надежите за Конференциската лига следната сезона, им останаа само желба и со 60 бодови, еден помалку од Астон Вила, овогодинешната сезона ја завршија на 8-то место.

Борбата за опстанок ја доби Евертон, кој извојува победа над Бурнмаут со резултат 1:0. Лестер го доби натпреварот со Вест Хем – 2:1, но и покрај тоа следната сезона ќе игра во Чемпионшип, а ќе му се придружат Саутемптон и Лидс.

Во останатите натпревари, Ливерпул и Саутемптон прикажаа „голеада“ на „Сент Мери“ (4:4), шампионот Сити загуби на гостувањето против Брентфорд со 1:0, Арсенал покажа сила и со „петарда“ против Волвс ја заврши оваа сезона (5:0), Манчестер Јунајтед со пресврт го доби Фулам – 2:1, а дуелите Челзи-Њукасл и Кристал Палас-Нотингем Форест завршија 1:1.