Првите носители во конкуренција на двојки на Челинџер турнирот Macedonian Open 2023 Срирам Балажи и Јеван Недунчезијан од Индија изборија пласман во утрешното финале откако со 2-0 во сетови ги совладаа Филип Бергеви од Шведска и Џејсон Тејлор од Австралија.
За пласман во финалето тенисерите од Индија покажаа многу подобра игра и ги добија двата сета со 6:3 и 6:4 во гемови. Подобрата координација и успешната тимска игра им го донесе триумфот. Клучниот брејк во првиот сет тенисерите од Индија го направија во осмиот гем, додека решавачкиот гем во вториот сет беше во третиот сет што значеше и конечен триумф.
Нивни ривали во финалето ќе им бидат тенисерите од Чешка Петр Нуза и Ендрју Полсон, кои вчера во четвртфиналето ги победија македонските тенисери Бугариќ и Ивановски. Денеска Чесите со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) ги победија тенисерите од Бразил Орландо Луж и Фернандо Ромболи за 70 минути. Во првиот сет клучниот брејк го направија во 10.тиот гем за 6:4, додека во вториот сет брејкот беше во гемот број 8.
Финалето во двојки се игра утре (сабота) со почеток во 10:30 часот, а веднаш потоа следува и сингл финалето.
Фото: Игор Паневски