Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши својот настапат на Челинџер 75 турнирот „Macedonian Open 2023“, што се одржува во Скопје, а се игра за награден фонд од 80.000 долари.
Калин во првото коло загуби од неговиот „тренинг партнер“ Дино Прижмиќ од Хрватска со 2:0 во сетови.
Младиот хрватски тенисер (295( кој е подобро рангиран од Калин (415) за 120-места на АТП листата го демонстрира својот потенцијал и полесно од очекуваното славеше победа.
Иако првиот сет не го навестуваше тоа, а беше решен по 63-минути игра, Хрватот го доби 6-4 откако направи два брејка, наспроти едниот на Калин.
Одличниот процент на реализирани поени на прв сет (76%), како и поголемата концентрација во решавачките моменти си го направија своето во вториот сет. Нашиот тенисер пропишти шанса во третиот гем прв да направи бреј, но трите такви ситуации не успеа да го реши во своја полза.
Тоа како да го разниша Калин, па во наредниот противникот испеа да му го одземе гемот на негов сервис за водство од 3-1, по што Калин не успеа да се врати во игра па го загуби сетот со 6-1, а мечот со 2:0.
За Калин останува да го подобри впечатокот во конкуренција на двојки во која тој ќе настапи со нашиот тенисер Берг Бугариќ.
Инаку и попладнево свој настап ќе има и вториот макеодонски пар, Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои за противници ќе ја имаа шведско-австриската комбинација Филип Бергеви.