Екипата на Олимпијакос е првиот финалист на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Грчкиот тим со една фантастична четвртина (третата) го „понижи“ и победи францускиот претставник Монако во првиот натпревар од полуфиналето.

Првото полувреме мина во знакот на францускиот клуб кој ги доби првите две четвртини, а на паузата замина со 12 поени предност (41-29).

Во вториот дел тимот од Пиреа, одигра неверојатна одбрана па на противникот му дозволи едвај да постигне само два поени (27-02), што е неславен рекорд во Евролигата. Негативата од дванаесет, Олимпијакос ја сврте во предност од +13 (56-43). 

Иако во последната тимот од кнежеството одигра подобро сепак тоа не беше доволно да се надополни негативата па Олимпијакос заслужено се радуваше на победата со конечни 76-62 и пласман во финалето. 

А, во него, во недела, грчкиот тим за четвртата титула европски клупски шампион (прва по пауза од 10 години – 2013-та), ќе игра со подобриот од големото шпанско дерби во кое од 20 часот ќе се надигруваат Барселона и Реал Мадрид.

ЕВРОЛИГА „ФАЈНАЛ-ФОР“ – КАУНАС
19 мај (петок) 1/2 ФИНАЛЕ
ОЛИМПИЈАКОС – МОНАКО 76-62
БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД  од 20 часот
21 мај (недела) НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
16.00 за 3-место  МОНАКО – 
19.00 финале      ОЛИМПИЈАКОС –