Реал Мадрид ја доби шпанската полуфинална пресметка со Барселона и се на завршното „фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига. Реал го совлада лутиот ривал Барселона со 78-66 и се пласира во финалето. 

По израмнетата прва четвртина (18-18) втората ја добија Каталонците со шест разлика (24-18), за третата да им припадне на „кралевите“ со девет (22-13), па во последната четвртина Реал влезе со предност од само три поени (58-55). Налик на четвртфиналето со Партизан, повторно Таварез, заедно со ветераните, Љуљ, Родригез и Руди Фернандез, се покажаа како клучни играчи во тимот на Реал кои на крајот сосема заслужено се радуваа на победата со конечни 78-66.

Валтер Таварес со дабл-дабл со 20 поени и 14 скокови беше прво име во победничката екипа, за која Хезоња постигна 14 пени на кои додаде 8 скокови, а Чача Родригез средбата ја заврши со 12 поени и 5 асистенции.

Така Реал, како и лани, повторно ќе игра во финалето. Овојпат „кралевите“ за противник ќе го имаат Олимпијакос кој во првата полуфинална пресметка беше подобар од Монако. 

Олимпијакос чека 10 години на нова (четврта) титула, а Реал ќе атакува на 11-тата, откако јубилејната 10-та ја освои пред пет години (2018) во Белград.

Финалниот натпревар на програмата е во недела од 19 часот, а претходно (16 часот) во дуелот за третото место ќе играат Барселона и Монако.