Во последното финале од Купот на Македонија во младите категории попладнево во Кичево од 17 часот за пехарот ќе се борат екипите на Работнички и Шкендија.
Ова е натпревар во младинската конкуренција, откако претходно беа одиграни финалните среди во кадетската во која триумфираа вардаровите надежи односно двете пионерски конкуренции во кои трофеите ги освоија Шкендија и Њу Старс.
Младинското Куп финале меѓу Работнички и Шкендија е увертира на сензорското што во сабота ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а во кое Македонија Ѓорче Петров ќе го брани трофејот освоен лани во дуелот со новиот шампион Струга Трим Лум.
Младинското финале можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.