Екипата на Голден Арт е првата што обезбеди пласман на завршниот „фајнал-фор“ турнир во младинска конкуренција  за ракометари родени 2004-та и помлади.

На натпреварот одигран попладнево во ОУ „Круме Кепески“ во скопска Кисела Вода, тимот на Голден Арт кој лигашкиот дел го заврши како првопласиран во групата “А” славеше очекувана и убедлива победа со 41:23 (19:10) во четвртфиналниот дуел против МКР Куманово.

Самиот натпревар не понуди несвесност во ниту еден момент, а домаќинот од стартот направи разлика која од минута во минута само се зголемуваше за на крај да заврши со убедлив триумф.

Андреј Глигоров беше најефикасниот играч во победничката екипа за која, Виктор Ангелески постигна еден помалку (6), додека Дарко Пасковски и Кристијан Стаменковиќ средбата ја завршија со по 5 постигнати погодоци.

Со пласманот во полуфиналето, младинците на Голден Арт ја продолжија серија на учества на младите екипите на овој колективот на завршниот турнир, следејќи го патот на своите помлади колеги, пионерите кои се официјални вице-шампиони и кадетите кои овој викенд ќе разигруваат за титулата.

Кои екипи ќе му се приклучат на Голден Арт на „фајнал-фор“ турнирот ќе дознаеме по одигрувањето на останатите три четвртфинални средби во кои ќе се сретнат: Бутел Скопје – Тиквеш, Мулти Есенс – Пролет и Младост – Струга.