Младите фудбалери на Вардар го освоија Купот на Македонија во кадетска конкуренција.
Генерацијата 2005 покажа дека располага со квалитетни и надежни играчи на кои клубот во иднина треба сериозно да смета на нивните услуги.
Во едно нерамномерно финале, вардаровите кадети и одржаа лекција на Шкендија, поразувајќи ја со убедливи 4:1, а според шансите и случувањата на теренот, победата можеше лесно да биде изразена со многу повисок резултат.
Головите за Вардар ги постигнаа Горјан Цветков, Ѓорѓи Доршев, Филип Јовановски и на Зоран Фидановски.
Така вардарови фудбалери се вброија меѓу освојувачите на Купот во младински конкуренции во кои вчера до трофеите во помладата конкуренција стигнаа екипите на Шкендија (помлади пионери) и Њу Стар (пионери).
Останува да се одигра и младинското финале во кое попладнево во Кичево за пехарот ќе се борат фудбалерите на Работнички и Шкендија.
Натпреварот што ќе започне од 17 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ