Победа и пораз е ефектот на двете млади македонски фудбалски селекции на денешните натпревари со врсниците од Малта и Србија.
Репрезентацијата до 14 години предводена со селекторот Драган Начевски и по втор пат беше подобра од Малта. Откако пред два дена ја совлада минимално со 1:0, денеска нашите надежи го искажаа својот потенција и славеа со убедливи 4:1.
Стрелци за Македонија на овој меч беа Јаков Стојковски, Михаил Митревски, Антонио Сталески и Мартин Џангаровски.
Затоа пак селекцијата до 16 години го претрпе и второто пораз на меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ кој се игра во Стара Пазова, Србија.
Откако загубија од домаќинот Србија со 2:0, избраниците на Дашмир Беари, попладнево се поразени и од Бугарија со ист резултат во дуелот за третото место на турнириот.