Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја потврдија фаворитската улога во дуелот со Пролет и очекувано се пласираа во финалето на Купот на Македонија.

На првиот полуфинален натпревар од завршниот турнир што се одржува во Охрид, пелистерци го совладаа составот на Пролет.

Епилогот битолчани го најавија во воведните 10-тина минути кога веќе остварија предност од четири гола (7-3), за до крајот на полувремето да имаат и +7 (17-10). Второто полувреме беше само чиста рутина па Пелистер на крајот славеше со 28-21.

Во победничката екипа најефикасен беше Цветан Кузмановски со 7, додека Ненад Костески додаде 5.

Сега Еурофарм Пелистер ќе го чека исходот од вечерашниот втор полуфинален дуел во кој бранителот на куп трофејот Вардар ќе  се обиде му се реваншира на Алкалоид за „болниот“ првенствен пораз што црвено-црните најверојатно ќе ги чини титула.

Дуелот Вардар – Алкаклоид што ќе се игра вечерва ќе започне од 20 часот. Финалето ќе се игра во сабота од 18 часот.