Со завршувањето на натпреварите во лигашкиот дел од сезоната, познати се и осумте екипи кои го продолжуваат натпреварувањето во следната фаза, односно разигрувањето за шампионската титула во младинските кошаркарски конкуренции.
По осум екипи обезбедија пласман во првата, четвртфинална фаза од плеј-офот, кое започнува претстојниов викенд, а ќе се игра во два добиени натпревари во кои предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел. Вторите натпревари на програмата се закажани за 13 мај, а евентуалната „мајсторка“, би се игра на 20 мај, додека девојчињата ќе играат на 6, 10 и 13 мај.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – У18 (МАШКИ)
РАБОТНИЧКИ – ЦРН ДРИМ
ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ А.
ФЕНИКС БАСКЕТ – АКАДЕМИЈА ФМП
ВАРДАР – ЧАИР 2030
„Фајнал-фор„ на 27 и 28.мај.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – У18 (ДЕВОЈЧИЊА)
ВАРДАР – ТИМ АРЕНА
БАСКЕТ КАМ – ГКК ОХРИД
ЈАН БОР – БАДЕЛ 1862
КРИВА ПАЛАНКА – ТЕТОВА БУЛС
„Фајнал-фор„ на 20 и 21.мај.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – У16 (МАШКИ)
(1) ПЕЛИСТЕР – (8) ФЕНИКС
(2) БАСКЕТ КАМ – (7) ВАРДАР
(3) ВОДНО САНС – (6) АКАДЕМИЈА ФМП
(4) МКК КУМАНОВО – (5) МЗТ СКОПЈЕ А.
„Фајнал-фор“ турнир во оваа конкуренција е закажан за 3 и 4 јуни.