Кошаркарскиот ФИБА Еврокуп продолжува со натпреварите од 6.коло во групната фаза. Програмата во групата Е нуди вкупно три возбудливи натпревари, а македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром му гостува на грчкиот Ираклис.

За сино-белите од Аеродром ќе имаат тешка задача да дојдат до прва радост во ова европско натпреварување. Македонскиот шампион сакаат да му се реваншираат на грчкиот состав за поразот во Скопје на стартот. Тогаш во првото коло во салата „Јане Сандански“, Ираклис славеше во неизвесна завршница со резултат 59:67.

Македонскиот првак отпатува во Солун по пет врзани порази од Ираклис, Тарту, Вурцбург, АЕК Ларнака и Џики Варшава. Од друга страна, грчкиот тим влегува како фаворит во овој дуел и се бори за пласман во следната фаза. Во пресрет на 6.коло, Ираклис е третопласиран на табелата со осум бодови, додека МЗТ Скопје Аеродром е шести со пет бодови.

Натпреварот Ираклис – МЗТ Скопје Аеродром ќе започне во 18:30 часот, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇