Светската фудбалска асоцијација ФИФА денеска го објави најновото рангирање на репрезентациите.

По четирите порази во лигата на нациите македонската репрезентација бележи пат од две позиции. Македонија сега е на 71 место објавената ФИФА ранг-листа.

Светскиот и европски шампион Шпанија останува на првата позиција, а по не ја следуваат: Аргентина, Франција, Англија и Португалија. Списокот на ТОП-10 го заокружуваат: Бразил, Мароко, Белгија, Холандија и Мексико кој е последен во топ десет.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 18-ти ноември. Претходно Македонија ја чекаат уште два натпревари во Лигата на нациите, со Шкотска на гости на 13 ноември и Словенија на 16 ноември во Скопје.