Андреј Рубљев е победник на Мастерс тенискиот турнир во Монте Карло.
Во финалниот меч што траеше 2,5 часа, Русинот го победи Холгер Руне со 2:1.
На овој дуел сервисот речиси и да не беше никаква предност, па бројни беа освоените гемови на сервис на противникот.
Таков беше и првиот сет кој траеше речиси еден час, го доби 19-годишниот Данец со 7-5.
Во вториот сет 6-то рангираниот на АТП листата Рубњев одигра по агресивно, а таквата игра му се исплатеше па го доби сетот со 6-2 за израмнување на 1:1.
Во решавачкиот трет сет повторо исцрпувачка борба и час и пет минути игра, по која Русинот се успеа да направи комплетен пресвети т да го добие со 7-5, за со конечни 2:1 во сетови да стигне до трофејот во Монте Карло.
Со победата на овој турнир веќе утре Рубљеб треба на прогресира на новата АТП листа и тоа најмалку за две позиции.