Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори европската сезона. Во првиот меч од Европската лига, пелистерци се поразени од шпанската Ла Риоха.

На мечот одигран во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола, избраниците на Лино Червар загубија убедливо со 24:31.

Пелистерци очајно го отворија натпреварот и му овозможија на противникот да започне со серија од пет не одговорени голови (0:5). Во продолжение зелено-белите постојано бркаа негатива, а шпанскиот тим тоа го искористи да ја зголеми предноста. Ла Ријоха имаше девет голови предност во 27.минута, а на полувреме замина со +8 (8:16). Голема заслуга за оваа предност имаше гостинскиот голман Ледо кој во првиот дел имаше 13 одбрани, наспроти трите на битолските голмани.

Гостите од Шпанија целосно доминираат на теренот и ги казнуваат сите грешки во домашната одбрана и во вториот дел. Во 46.минута Ла Риоха дојде и до двоцифрена предност 17:27. Тика веќе беше јасно дека пелистерци нема што да бараат на повој меч и дека првите бодови ќе ги пише шпанската екипа.

Прво име во победничката екипа беше голманот Ледо кој заврши со 20 одбрани, додека Алваро Мартинез беше прв стрелец со шест гола.

Пелистер во следно коло го чека тешко гостување во Чешка. Битолчани во вторник (6 октомври) ќе играат против Вибеже Гдањск тим кој вчера како гостин го совлада германскиот Гумерсбах.