Селекторот од фудбалска репрезентација на Македонија Гоце Седлоски направи многу измени во составот за дуелот против Словенија вечерва.
Дури осум промени направи Седлоски во однос на тимот првиот меч против Швајцарија.
Столе Димитриевски сега ќе мора да верува на комплетно нов одбранбен ред. Ќе го нема капитенот Енис Барди, на чие место ќе стартува Елези. Во нападот како најистурен наместо Миовски игра Омерагиќ.



































