Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва е пред нов предизвик во УЕФА Лигата на нациите.
На стадионот „Стожице“ во Љубљана, македонската репрезентација и гостува на Словенија.
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски разочараа со својот настап и пристап во првиот натпревар, во поразот од Швајцарија со 0-3. Затоа селекторот, на вчерашната официјална прес-конференција, најави дека ќе има и промени во составот кој ќе го почне натпреварот.
Единаесетмината што ќе стартуваат, па и оние воопшто ќе влезат во игра, мора да дадат многу повеќе за да го поправат впечатокот.
Ќе биде ли тоа доволно црвено-жолтите да ги впишат првите бодови останува да се види.
Натпревар Словенија – Македонија е во рамките од 2 коло на групата 1, а ќе почне од 20.45 часот. Во истиот термин ќе се игра и вториот дуел од оваа конкуренција меѓу Шкотска и Швајцарија.



































