Кошаркарите на Партизан ја започнаа новата сезона во Евролигата со убедлива победа од 92-76 наd Армани Милано. Црно-белите одиграа одличен натпревар пред своите навивачи и целосно го надиграа италијанскиот претставник во 1.коло од елитното натпреварување.
Партизан од самиот старт наметнаа силно темпо и ја добија првата четвртина со 20-16. Белградскиот тим ја задржа иницијативата во вториот период, заминувајќи на полувреме со солидна предност од 42-36.
Италијанскиот состав на Армани Милано покажа најголем отпор во третата делница, која минимално ја доби со 22-21. Сепак, кошаркарите на Партизан фуриозно ги одиграа завршните десет минути и ги добија со убедливи 29-18 за сигурна конечна победа.
Најзаслужен за овој триумф беше фантастичниот Карлик Џонс кој блескаше на паркетот со дабл-дабл учинок. Американскиот плејмејкер го заврши мечот со 20 поени и дури десет успешни асистенции за неполни 27 минути игра. Голема поддршка во нападот му пружија Ламар Стивенс со 11 поени и Кевариус Хејс кој додаде уште десет.
Во поразениот табор најефикасни беа Марко Гудуриќ и Алек Питерс со по 17 постигнати кошеви. Македонскиот репрезентативец Мозес Ентони Врајт натпреварот го заврши со 6 поени, 7 скокови и 3 асистенции.





































