Македонскиот ракометен шампион Вардар а попладнево ќе го одигра вториот натпревар во Регионалната лига.
Вардарци ова регионално натпреварување го започнаа во Охрид, пред повеќе од еден месец и тоа со победата над Војводина. Денеска тие ќе го одиграат вториот натпревар и тоа дуелот против црногорскиот состав на Будва.
Овој натпревар е дел од Б групата во која лидер тимот на Охрид кој досега има максимални три победи. Во оваа конкуренција, покрај веќе споменатите екипи игра и составот на Панчево кој досега ги загуби сите три натпревари.
Потсетување дека во А групата настапуваат уште две македонски екипи. Вицепрвакот Еурофарм Пелистер досега има перфектен „скор“ 3 од 3, а тимот на Алкалоид забележат две победи на трите натпревари.
Натпревар Вардар и Будва што ќе си игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.



































