Денеска (сабота, 22 август), ќе се одржи 39-тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Тоа е една од најстарите спортски манифестации во земјава.
На стартот кај Св. Наум, кој е предводен за 11 часот, ќе се појават вкупно 16 пливачи. Тие ќе ја пливаат традиционалната патека „Климе Савин“, долга 25 километри, со цел на Градското пристаниште во Охрид.
Во машка конкуренција ќе има 11 пливачи, а Македонија ќе ја претставуваат Александар Илиевски, Петар Цеков и Леонид Мишевски.
Росана Гошева, ќе биде македонската претставничка во женска конкуренција во која ќе настапат пет пливачки, меѓу нив и ланската победничка, Аргентинката, Мајте Ајлен Пука
Наградниот фонд на годинашниот, Охридски пливачки маратон изнесува 15.000 долари, а традиционално е под покровителство на Претседателот на Република Македонија.
































