Женската одбојкарска репрезентација на Македонија е првата што ќе настапи на 20-титте Медитерански игри го Таранто, Италија.

На игрите Македонија ќе биде претставувана од вкупно 88 спортисти во 19 спортови, четири колективни и 15 индивидуални.

Иако официјално игрите ќе стартуваат утре, сепак, одбојкарките денеска го имаат првиот настап. Тие ќе играат против Турција во меч од Б групата. Во неа за противнички македонските одбојкарки ќе ги имаат и селекциите на: Косово, Грција и Алжир, редоследно. Двете првопласирани од оваа конкуренција, како и двете најдобри од А групата директно ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Во колективните спортови, покрај одбојкарките ќе играат и ракометарките. Во машка конкуренција ќе настапуваат, младинската фудбалска селекција до 21 година како и баскет селекцијата 3х3.

Од индивидуалните спортови, најмногу се очекува од борењето и таеквондо во кое ќе настапат и напите олимпијци, Милијана Рељиќ и Дејан Георгиевски.

Игрите ќе траат се до 3 септември, а голем дел од настапите на напите спортисти ќе може да ги следите ВО ЖИВО НА МРТ3 (овде линк)

Денепниот дуел меѓу Македонија и Турција ќе почне од 17 часот.