Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси се враќа во голгетерска форма. Неодамнешната семејна трагедија, смртта на неговиот татко, барем голгетерски е надмината.
Меси беше стрелец на гол за Интер Мајами во дуелот со Филаделфија Јунион што заврши нерешено 2-2.
Домашниот тим поведе во 11.минута со погодокот на Василев. Гостите од Мајами направија пресврт со погодоците на Пинтер (21.минута) и Меси (26).
Филаделфија за која настапува македонецот по потекло Милан Илиоски израмни во 52.минута. Токму по изведениот слободен удар на Илиоски, на вистинското место се најде Пиер кој израмни на 2-2.
Илиоски можеше да биде и јунак за својот тим, но иако постигна гол, тој беше поништен. Во 70.минута Илиоски кој беше најдобриот играч на теренот, имаше уште една шанса, но гостинскиот голман тогаш одбрани.


































