Младата женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години, денеска ќе го игра вториот натпревар за Европското првенство 2027.
На зонскоиот турнир во Мостар, избраничките на селекторот Деан Стојанов, за противник ќе ја имаат селекцијата на Белорусија.
По вчерашниот пораз во три сета од Романија, младите македонски одбојкарки денеска ќе имаат нова тешка задача. Белорусинките во првото коло од групата А, ја совладаа домашната селекција на БиХ со убедливи 3:0 во сетови.
Во групата Б се репрезентациите на Србија, Бугарија, Русија и Турција. Двете првопласирани селекции од групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
Дуелот меѓу Македонија и Белорусија ќе почне од 14.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.👇

































